ФОТО+ВИДЕО: Масовни протести по победата на Трамп
Објавено во: Свет 10 Ноември, 2016
Илјадници луѓе излегоа на улиците на голем број на градови во САД, за да протестираат против изборната победа на Доналд Трамп.
Демонстранти излегоа на улиците на Њујорк, Филаделфија, Чикаго, Бостон, Сиетл, Портланд, Сан Франциско и Вашингтон.
Неколку илјади луѓе поминаа низ Петтата авенија кон „Trump Tower", каде е бизнис седиштето на новоизбраниот претседател. Таму запалија знаме. Тие извикуваа пароли поврзани со контроверзната кампања на Трамп.
Во Лос Анџелес е запалена кукла со ликот на Трамп.
Во Окланд гореше автомобил.
За четврток е закажана и официјална посета на Трамп во Белата куќа, на покана на претседателот Барак Обама. Новиот претседател ќе ја презеде функцијата во јануари.