(ФОТО+ВИДЕО) ПОТОП ВО ХРВАТСКА: Куќите поплавени, луѓето се евакуираат
Објавено во: Балкан 18 Март, 2018
Високиот водостој на реките предизвика елементарна непогода во Хрватска. На терен е ангажирана војската која прави насипи до патиштата и до населените места, каде е потребна итна евакуација на над 600 жители, чии домови се поплавени.
Најпогодена е областa Лика, каде населението сe плаши дека може да се повтори сценариото од 2010 година, кога беа поплавени над 150 куќи.
Нивото на реката Лика се зголемува по пет сантиметри на час, а дождот сè уште не престанува. Од топењето на снегот, особено е погодена Костајница, каде водостојот на реката Уна е во постојан пораст и надминува над 419 сантиметри. Електричната енергија во загрозените подрачја е исклучена. Опасност од поплави има и во други реони во континенталниот дел од Хрватска.