07 Мај, 2024
0.0224

ФОТО+ВИДЕО: Путин го покажа календарот за 2017 - какви пораки праќа?

Објавено во: Свет, Стил 18 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Фановите на рускиот претседател, Владимир Путин можат да ја поминат целата следна година со нивниот омилен политичар кој го промовираше календарот за 2017 година. 

Продавниците во цела Русија се подготвуваат за продажба на годишниот календар на Путин. Се очекува тој да биде најпродаван подарок за Божиќ во Русија оваа година.

Во календарот рускиот лидер на една слика е со маче, на друга со дете, а на трета - на кран. Има и слика на коњ и во кабината на руски борбен авион.

Под секоја слика има тематски коментар на рускиот претседател.

На сликата за август Путин е со жетварите и зборува за реколката од пченица и ја нагласува важноста на леб за рускиот народ.

При фотографијата на која е пилот на борбен авион (месец ноември), пишува дека целта е да се формира армија, која ќе гарантира на Русија суверенитет и стабилен мир.

На сликата за декември Путин малку потсетува на мафијашки кум, пишуваат медиумите. 

„Русија е мирољубива земја.. не ни требаат туѓи територии, не ни требаат туѓи природни ресурси, но ако сме загрозени, подготвени сме да употребиме оружје заради сопствената безбедност“- пишува на календарот.

Сличен календар Путин објави и лани, но тогаш се гушкал со кучиња, мирисал цвеќе и вежбал.



Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта