Добивај вести на Viber
Данок на „девственоста" подготвуваат во Франција . Новиот нацрт предвидува парична казна за секој кој ќе го фатат да ги користи услугите на проститутките. Платената љубов, отсега, ќе може да чини премногу солено.
Подготвуваниот проект предвидува парична казна од 1.500 евра за секој , кој оди на проститутки и 3000 евра за повторен прекршок . Мерката треба да влезе во пленарната сала оваа недела и предизвика незадоволство кај проститутките , кои се загрозени од криза во индустријата.
На истото мислење се и либерално ориентираните политичари .
" Дури и ако целта ни е да им помогнеме на луѓето кои живеат во сексуално ропство , дали санкционирање на нивните клиенти ќе ги реши проблемите ? Не , бидејќи ризикот тие да потонат уште подлабоко во андерграунд е многу голем . Тие ќе зависат уште повеќе од милоста на своите клиенти , ќе се договараат преку интернет и ќе има поголем ризик " , смета Барбара Пумпа .
Проститутките во Франција не се казнуваат , но правната рамка е исклучително комплицирана и збунета. Стравувањата се дека новите казни дополнително ќе го усложнат бизнисот на црвените фенери . Се смета дека со проституција во Франција се занимаваат 20 илјади луѓе .