29 Април, 2024
0.0289

Франција од следната година воведува задолжителна вакцинација на децата

Објавено во: Свет 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Откако Италија одлучи да изврши притисок на родителите кои не сакаат да ги вакцинираат своите деца, на начин, истите, доколку не се вакцинирани, не можат да бидат запишани во школо, Франција реши од следната година да воведе задолжително вакцинирање на деца.

Образложувајќи ја одлуката францускиот министер за здравство Едуард Филипе рекол како е „неприфатливо во земја во која се создадени некои од најстарите вакцини на светот децата да умираат од мали сипаници.

Моментално во Франција постои обврска за вакцинирање на деца од дифтерија, тетанус и детска парализа. Останатите вакцини, вклучувајќи ја и таа против хепатитис и кашлица лекарите ги препорачуваат, но не се задолжителни.

Според последните истражувања, секој трет Французин или Французинка, не веруваат во вакцините, додека 52 отсто од нив се 'уште веруваат дека ризиците за вакцинација на некои болести се значително повеќе прифатливи од ризикот од истите болести.

Во првите два месеци од оваа година во француската провинција Лорен се забележани 50 случаи на заболени деца од мали сипаници, додека уште 29 од нив се инфицирани во други делови на земјата.

Во период од 2008 до денес, во Франција вкупно се забележани дури 24 илјади случаи на заболувања од сипаници. Од тој број, тие 15 илјади имале сериозни последици, а од сипаници починале 10 пациенти.

Во Велика Британија не постои обврска за вакцинирање против сипаници, заушки и рубеола. Стравот на родителите кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца е деривиран (изведен) од, во меѓувреме од различни научни извори во пад, студија на примероци комбинирана вакцина MMR, за која се тврдело како е во корелација со појавата на аутизам во девцата.

Италијанската министерка за здравство одлуката во таа земја да се забрани упис на деца кои не се вакцинирани во школо, го правда со големиот пад на бројот на оние кои уредно ги вакцинираат своите деца, а што е, како што рекла, „резултат на лажни вести“. Затоа Италијанците се приморани со 12 вакцини да ги вакцинираат децата до период од 16 години.

Можеби ќе ве интересира

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

АКО НЕ УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН, ТОГАШ КОЈ: Седум имиња во трка за прв човек на Европската комисија?

АКО НЕ УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН, ТОГАШ КОЈ: Седум имиња во трка за прв човек на Европската комисија?

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ИТАЛИЈАНСКА СЕСТИЕРЕ ПОД 56 САНТИМЕТРИ СНЕГ: Деновите што доаѓаат се најавуваат нови обилни врнежи

ИТАЛИЈАНСКА СЕСТИЕРЕ ПОД 56 САНТИМЕТРИ СНЕГ: Деновите што доаѓаат се најавуваат нови обилни врнежи