„ФТ“ открива во кој случај Франција би го укинала ветото на Македонија за ЕУ
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2019
Ветото кое Макрон им го стави на Македонија и Албанија е поврзано со фундаменталниот проблем на ЕУ а ставот на Франција е совршено јасен. Се додека Европа не ги зајакне механизмите за политичка интеграција, кои се неопходни за напредок на европската интеграција, проширување не треба да има.
Ова го пренесува лондонскиот весник „Фајненшл Тајмс“ кој го оценува ветото на францускиот претседател за Македонија и Албанија.
Весникот посочува дека Макрон направил историска грешка со тоа што стави вето на почнувањето пристапни преговори за двете земји од западен Балкан, но се потенцира дека сепак тоа никако не било поврзано со конкретната проценка за состојбите во двете земји кандидатки, туку со фундаменталниот политички проблем што Европа не успеа да го реши од 2004 година: зајакнување на нејзините механизми за политичка интеграција
-Франција би можела да го укине ветото за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија, во замена за прифаќање на нејзиниот предлог – во сферата на надворешната политика и оданочувањето наместо со консензус, одлуките да се носат со квалификувано мнозинство-наведува „Фајненшл Тајмс“.