03 Мај, 2024
0.0348

(ГАЛЕРИЈА) 10 мистични места низ светот кои може да ги посетите

Објавено во: Стил 31 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Светот е полн со мистериозни места

10. Остров Темискира, Црното Море

mistik10

Темискира е местото каде „Wonderwoman“, една од најпопуларните суперхерои, е родена. Тоа е вистинско место кое сепак е целосно уништено.

9. Колонијата Роаноук, САД

mistik1

Тоа е колонија сместена на мистичен остров. Се претпоставува дека колонијата била уништена на ова место, без никој да разбере како. Подоцна станува јасно дека тоа е работа на локално племе што не се потчинило на империјалистичките визии.

8. Песочниот Атлантис, Арабија

mistik3

Се претпоставува дека песочниот град во Арапската пустина е уништен од природни катастрофи. Легендата вели дека тоа е казна од Бог. Денес таму се наоѓаат многу остатоци кои посочуваат дека градот може да бил вистински.

7. Кралството на хиндускиот Бог, Индија

mistik4

Таа се наоѓа во познатиот древен индиски град Аиодхиа. Се смета дека тоа е Божјото царство и родното место на Рама. Не е јасно што било во минатото, но факт е дека градот се уште постои.

6. Изворот на младоста, САД

mistik5

Секој има слушнато за легендата за изворот на младоста и вечниот живот. Се што треба да направите е да се напиете голтка од водата и ќе бидете млади засекогаш. Фонтаната постои во Флорида, но постојат ли и магични својства? Не е точно.

5. Портите на пеколот, Грција

mistik6

Има многу места во светот каде постојат такви „порти“. Тие обично вклучуваат пештери кои се спуштаат до длабочините на земјата. Една од нив се наоѓа во Грција.

4. Армагедон, Израел

mistik7

Ова е местото каде што се претпоставува дека армиите ќе се соберат и ќе се борат до крајот на времето. Всушност, тоа не е името на некој настан, а на место во Израел, каде што всушност битки се одржувале, но денес останале само урнатини.

3. Троја, Турција

mistik8

Секој треба да има слушнато за битката кај Троја, која по долга опсада била освоена со помош на огромен дрвен коњ, во кој се криеле војни. Географски гледано локацијата на оваа епска битка е во град во Турција, кој сега се нарекува Троја. А таму може да се види и споменик, кој го прикажува дрвениот коњ.

2. Средната земја и Графството, Нов Зеланд

mistik9

Ако сте љубители на "Господарот на прстените", тогаш најверојатно секогаш сте сакале да бидете на ова место. Хобитон е родното село на хобитите, во него куќите се наоѓаат под земја и се со мали тркалезни врати. Добра вест! Ова место постои и се наоѓа во Нов Зеланд, таму се фотографирани и филмовите од серијалот.

1. Врв Олимп, Грција

mistik

Целата грчката митологија е центрирана околу планината Олимп, каде што се смета дека бил домот на 12-те богови на античка Грција. Планината навистина постои и е највисоката и една од најпосетените во Грција.