07 Мај, 2024
0.0225

(ГАЛЕРИЈА) 100 посто би сакале да живеете во овие 8 квадратни метри

Објавено во: Стил 28 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

„Екокапсулата“ е микроскривалиште кое е во можност да функционира со помош на одржливата енергија, што е импресивно.

Покрај собирање на дождовница и филтрација, може да работи користејќи ја енергијата на ветерот и соларната енергија.

eco-capsule-5

Прототипот ќе биде достапен наскоро а фирмата се надева дека ќе биде достапен кон крајот на годинава. Уште една неверојатна карактеристика е и површината на оваа капсула од само 8 квадратни метри. Димензиите на екокапсулата се 446,8×240,7×248,7 сантиметри.

eco-capsule-4

Овој мал дом може да се користи во разни цели, а може и да се постави било каде бидејќи е подвижен и се превезува на приколка.

Архитектите тврдат дека малата куќа може да понуди и резервна спална соба како и полнење на електрични автомобили.

Капсулата има свое WC и туш, мала кујна, трпезарија, работен простор, кревет на склопување и остава. Во минијатурното скривалиште се наоѓа само една врата и два прозори кои може да се отвараат по потреба.

eco-capsule-7

Една од најимпресивните работи за „Екокапсулата“ е одржлива технологија која нуди во вид на соларен панел, батерии и турбини.

Собирањето на дождовница и филтрација овозможуваат функционирање на купатилото.