29 Април, 2024
0.0259

(ГАЛЕРИЈА) 12 Грчки острови за секој

Објавено во: Балкан, Стил 08 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Грција е своевиден феномен во Европа. Островите се главна карактеристика на морфологијата и состевен дел од културата и традицијата на оваа земја.

Грчкиот архипелаг опфаќа 6000 острови и островчиња расфрлани во Егејското и Јонско море, од кои само 227 острови се населени. Ова е навистина единствена појава на европскиот континент,

Грчкиот архипелаг зазема 7500 км од вкупно 16 000 км брег на земјата и нуди разновидни пејзажи без разлика дали се работи за плажи долги по неколку километри, скриени заливи, песочни плажи, школовидни плажи, крајбрежни пештери со стрмни карпи или плажи кои имаат црн песок, типично вулканско тло.

Меѓутоа, Грција е многу повеќе од тоа што сте учеле во школо или заклучивте врз основа на фотографии од кристално плаво море и бело-плави куќички.

Кога отпатувате во Грција ќе сфатите дека се наоѓате во земја со единствено богата историја .

Ќе се најдете во земја која, иако статистички е мала, е огромна во својата разлноликост. Ќе видите пејзажи кои биле пример за милионски тирзажи и разгледници ширум светот и ќе сфатите дека сте во земја која е без конкуренција кога е во прашање убавината.

Има есна стара изрека која вели дека „доколку не сте биле на некој грчки остров тогаш вие не сте ни биле во Грција“.

За да ја доживеете оваа земја на вистинскиот начин, мора да посетите барем некој од многубројните острови кои за секој патник имаат нешто да понудат. Избравме 12 острови според вашите афинитети.

1. Закинтос, поради убавите плажи

zakintos

Закинтос е трет по големина од седумте најголеми Јонски Острови. Лежи во јужниот дел на Јонското Море, кое е дел од Средоземното Море. Има површина од 410 km², а должината на крајбрежјето е околу 123 km. Островот е именуван по Закинтос, синот на легендарниот аркадиски шеф Дарданус. Името, како сите слични имиња кои завршуваат на -нтос, е предмикенско или пелазгиско по потекло. Закинтос има многу развиен туристички сектор. Препознатлив по плажата „Наваџо“(Navagio), од која навистина застанува здивот. До неа се доаѓа само преку море, со брод. Но, таа е само една од многуте прекрасни плажи на целиот остров. До Закинтос се стигнува со траект (1.30 мин.) од пристаништето Килини. Пристигнувате во главниот град  Занте, навистина прекрасно место, кое со тесните и со мали улички, полштадот, потсетува на Италија. Заштитник на градот (островот) е Св. Дионисиос. Над градот се наоѓа ридчето Бохали (Bochali), од каде што има прекрасна глетка на целиот остров. Најпознати се куќата „Порто давија(Porto Davia) која се наоѓа во Аргаси, кон крајот на ова мало туристичко место, во исклучително мирен дел, на самата плажа. Утринско кафе со поглед на море, во двор со палми и релаксирачко зеленило. Во вечерните часови можете да уживате слушајќи ги морските бранови. Сите соби имаат комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима-уред (се доплаќа) и тераса. Куќата „Анџелос“(Angelos) е лоцирана на само 20-30 метри од плажа во Лаганас, а куќата „Лефка“(Lefka) на 70-80 метри. Стандардни студија. Ги препорачуваме на оние што сакаат подинамичен летен одмор. Сите соби имаат комплетно опремена реновирана кујна и кревети, сопствен тоалет, ТВ, клима-уред (се доплаќа) и тераса.  

2. Крф за семеен одмор

KRF

Крф по големина е втор од седумте јонски острови. Познат е по смарагдните заливи, кристално чистото море, луксузните хотели, убавите плажи опкружени со зеленило. Според грчката митологија, островот го добил името по ќерката на Асоп, бог на истоимената река, нимфата Керкира, која ја грабнал Посејдон. Долгата и турбулентна историја на Крф придонесува овој остров да има интригантен, шармантен, а понекогаш и мистичен карактер. Величествениот, зелен Крф, (Kerkyra), e хомеровата “прекрасна и богата земја”. Планините доминираат во западниот дел на островот и таму обалата е стрмна и драматична, додека внатрешноста е пространство на спокојна природа. Останатиот дел од островот изобилува со навистина прекрасни плажи од секаков вид. Градот Крф бил седиште на европското учење уште во раните денови на модерна Грција. Жителите на Крф од дамнешни вемиња воспоставиле културни институции како што се библиотеки и центри за учење. Тие до денешен ден се горди на овие свои културни и интелектуални корени. Ова наследство, денес е видливо преку одличните музеи и богатиот културен живот, па се до врвната кујна под влијание на италијанската. Главниот град Крф е еден од најубавите градови во Грција. Сместен е на источното крајбрежје. Островот располага со преубави песочни плажи, со кристално чиста вода, хотели, ресторани и места кои со својата убавина ќе ви овозможат незаборавни мигови со вашите најблиски. На Крф има безброј опции за сместување – хотели со 5 ѕвезди, приватни вили, студија и апартмани кои најчесто се веќе однапред резервирани.

3. Делос, поради богатата историја и културно наследство 

luksuz-putovanja-destinacije-grcka ostrva-03

Според митологијата овде се родил Аполон. Делос се уште чува остатоци од златната доба на Елада, класична Грција.

Целиот остров е под заштита на УНЕСКО.

4. Миконос, поради хотелите

mikonos greece

На овој остров постои и листа на чекање на која милијардерите бараат прилика за купување на градилиште и изградба на куќа. Таму ќе сретнете млади луѓе кои изгледаат како штотуку да излегле од насловна страница на моден магазин.

Еден од најпопуларните грчки острови Миконос е модерно летувалиште на кое куќи имаат Стинг, Силвио Берлускони и многу други славни личности.Фантастична забава ве очекува на „Рајската плажа“ и во градот во вечерните часови.

5. Крит, поради најдобрата храна

krit

Крит е најголемиот грчки остров и петти по големина во Средоземјето, богат со историја, природа и прекрасни плажи и  е една од најпопуларните дестинации во Грција. Уникатната положба, на природната граница помеѓу Егејското и Средоземното Море, ја прави климата на овој остров навистина неодолива. Со векови Крит има недопрена култура, своја, богата, горда и различна. Критскиот грчки останал говорен јазик, и критското вино е традиционален пијалок. Островот е познат по критската музика, и постојат многу уникатни танци кои се играат само на островт, од кои најпознат е Пендозали. Плажите на долгнавестиот остров не се споредуваат со ниту едно друго место на светот. Внатрешноста на копното пак е приказна сама за себе. Најголемиот дел од Крит е со надморска височина од 300 метри, но постојат два планински венци со врвови од преку 2.000 метри, коишто создаваат прекрасни пејзажи со раскошните долини, кањони и карпести предели и се вистинско задоволство за очите и душата. Едни од најпознатите плажи на Крит се: Voulisma,  Frangokastelo, Glyka Nera , Kolokytha, Erimoupolis ,  Agia Fotia , Agiofarago , Trypiti , Souda , Agios Pavlos ,  Elafonisi…

6. Кефалонија, поради најдоброто вино

kefalonia_by_landfill

Летувањето на Кефалонија, не значи само да се заплива во чиста, тиркизна вода и да се предаде на сонцето да ни го угрее телото и душата. Преубавите плажи и бујната вегетација се убавината на овој јонски остров, што се забележува од авион. Меѓутоа, Кефалонија крие други бројни убавини, незабележителни, бидејќи се ненаметливи. Се откриваат самостојно ако одморот се режира како комбинација од плажи и нови сознанија.

7. Куфонисија, поради тишината и релаксирачкиот мир

luksuz-putovanja-destinacije-grcka ostrva-07

8.Андрос, поради боровитиот терен и нереална природа

Andros

Андрос (грчки: Άνδρος) е остров во грчкиот архипелаг, најсеверниот од Кикладите, приближно 10 km југоисточно од Евбеја, и околу 3 километри северно од Тинос. Островот е долг скоро 40 km, а неговата најголема широчина е 16 km. Неговата површина е во најголема мера планинска, со многу плодни и добро наводнети долини. Андрос, главниот град на источниот брег, имал околу 2000 жители во 1900. Целиот остров, пак, имал околу 18.000 жители во 1900. Пописот од 1991 покажал 8.781 жител. Според пописот од 2001, градот Андрос имал 1.508 жители, додека вкупниот број на жители на островот бил 10.009. Островот се состои од општините на градот Андрос (4.107 жители), Кортио (2.547 жители), и Идруса (3.355 жители).

9. Сими, бидејќи е идеален за романтични парови

Simi-Yacht

10. Санторини, поради најубавиот поглед на море

santorini

Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце.Како што рековме Санторини се наога во егејското море и припага на групата острови Киклади.Опфака територија од околу 96 км2,должина на обала од околу 69 км.Западната страна на островот,онаа која е свртена према вулканот е карпеста и стрмна и се вика KALDERA.На југоисточниот дел се наога варовитовулканска планина MESA VOUNO со највисок врв Prophifitis Ilias.Климата е умерена и е медитеранска.Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi,а во текот на зимата температурата никогаш не пага испод 10 степени.Дожд врне понекогаш во зима ,а во текот на летото нема врнежливи денови. 11. Лефкада, која е идеална за спортови на вода ??????????????????????????????????????? Лефкада (грчки: Λευκάδα) или Лефкос е остров во Јонското Море, еден од најголемите што ѝ припаѓаат на Грција. Островот е поврзан со копното со автопат и висечки мост, а е најпознат во светот по прекрасните плажи од кои застанува здивот. Лефкада е прилично голем остров. Во насока север-југ е долг 35 километри, додека исток-запад, преку 15 километри. Вкупната површина на островот изнесува 336 километри квадратни. Главниот град на островот, а воедно и административен центар на целата област е истоимениот град, Лефкада, којшто се наоѓа на северно-источниот дел од островот, на точката каде што јонскиот остров се поврзува со копнениот дел од Грција и на приближно 20 минути возење со автомобил од националниот аеродром Актион.

12. Родос, поради најдобриот ноќен живот

rodos

Родос (грчки: Ρόδος) е најголемиот од островите на Додеканезите и во поглед на копнена површина и на население. Се наоѓа во источниот дел на Егејското Море, на запад од турскиот брег. Сместен е помеѓу грчкото копно и островот Кипар. Во2001 имал 117.007 жители од кои 53.709 живееле во главниот град на островот.

Можеби ќе ве интересира

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел