(ГАЛЕРИЈА) Хан од Заев пречекан во Влада
Објавено во: Македонија 17 Јули, 2018
Во Владата на РМ во тек е седница на која присуствува и еврокомесарот Јоханес Хан каде единствена точка на дневен ред е Информацијата за концептот и структурата на преговори за пристапување на Република Македонија во ЕУ.
Со доаѓањето на Хан почнува скрининг процесот за почеток на преговорите со ЕУ.
Од Влада, Хан ќе се упати во Собранието, каде ќе има средби со собранискиот спикер Талат Џафери и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски а ќе има обраќање пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.