07 Декември, 2025
0.0271

(ГАЛЕРИЈА) „Хотелска соба“ на „Етихад Ервејс“ во небесни височини изгледа вака!

Објавено во: Стил 22 Декември, 2014 18:22

Добивај вести на Viber

„Etihad Airways“, националната авиокомпанија на Обединетите Арапски Емирати ги претстави своите своите први „Еирбас“ A380 и „Боинг“ 787 авиони.

A380 ќе врши секојдневни летови кон Аеродромот Хитроу во Лондон од 27 декември, додека 787 ќе лета за Дизелдорф од 1 февруари 2015 година.

573234571549840e20230b422329012_v4 big

Почетокот на комерцијалните летови на авионот A380 истовремено ќе го означи и претставувањето на Етихад Резиденциата, нова кабина која вклучува дневна соба, купатило, и по прв пат во авиоиндустријата, личен батлер. На површина од 125 квадратни мети, Етихад Резиденцијата се наоѓа во предниот дел на горната палуба на авионот A380 и е предвидена за еден или двајца патници.

Собите во првата класа на авионот B787 на „Етигад Ервејс“ нудат разладен мини-бар, целосна приватност и седишта кои може да се спојат за да се формира кревет.

1653367870549840e370409914650727_v4 big

Вкупно 70 „Бизнис студија“ се наоѓаат во горната палуба на авионот A380, додека B787 има 28 „Бизнис студија“ кои им овозможуваат олеснет пристап на минувачите и подразбира целосно рамен кревет долг 204 сантиметри.

Економската „Smart Seat“ класа исто така ќе биде претставена на авионите A380 и Боинг 787 и ќе нуди унапреден конфор со единствениот  „fixed wing“ потпирач за глава на сите седишта.

1495352586549840e5209ea784428351_v4 big

„Етихад ервејс“ во текот на 2015 година ќе превземе четири авиони A380 и три авиони Боинг 787-9.

1646703794549840e663bf9705253684_v4 big

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: