04 Мај, 2024
0.0259

(ГАЛЕРИЈА) КРИТ: Најголем грчки остров-оаза на богата историја, плажи, забава и природа

Објавено во: Балкан, Стил 30 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Крит е најголем грчки остров и петти најголе остров во Средоземјето. Атрактивна локација за вистинско уживање во лентите одмори.Минатата година повеќе од 2 милиони туристи го посетиле овој остров, кој може да се каже дека нуди богата понуда за различни вкусови.

Градот Херсонисо, на северниот дел од Крит – е пред се атрактивен за оние што го сакаат ноќниот живот и забаваите. Од аеродромот Ираклион е оддалечн само 25 минути.

За оние кои доаѓаат од Македонија, со чартер лет организиран преку туристичките агенции, превозот до хотелите е обезбеден. А оние кои одат во сопствена режија, секако нема да имаат никаков проблем, затоа што за неколу евра со автобус ќе стигнат до посакуваниот хотел или апартман.

Градот наутро спие, се разбира поради тоа што забавата трае до утринскте часови. Па така, улиците, шеталиштетото,  плажите се празни начјесто и до 10 часот наутро. Некои од локалите дури тогаш се отвораат, најголемиот дел воопшто и не работат пред 9 часот наутро.  

Па така, ако сакате да уживате слушајќи ги звуците на брановите, дополнето со по некој чекор на туристи кои решиле да џогираат, тогаш тоа слободно може да го правите во утринските часови.

krit2

krit3

Мали плажи, но воодушевуваат. И секоја од нив е различна приказна сама за себе. Две лежалки и чадор чинат од осум до десет евра. Без пијачка.  А, познатото грчко фрапе чини од три до четири евра. Од прилiка толку е гирото.

Но, има и плажи каде лежалките ќе ги добиете гратис. Се разбира ќе мора нешто потоа да нарачате. А, тоа е така, затоа што за да стигнете до морето имате, само неколку скали да се симнете. Односно, само затоа што со лежалката не можете да бидете на песочната плажа, и брановите да ве прскаат. Но, погледот од оваа плажа никого не може да остави рамнодушен. Едноставно, запираат зборовите и се препуштате на уживање во погледот.

krit9

За оние кои не сакаат да останат закотвени на едно место, тогаш туристичките агенции нудат огромна понуда. Нешто што треба да се види е плажата Елефониси, со розов песок , или можеби Балос. За сума од 40 до 55 евра, агенциите ќе ви овозможат посета. Сепак, од Херсонисо до некоја од овие плажи ќе патувате многу повеќе отколку што ќе имате време да останете таму, но кога глетката ќе ве воодушеви, патот ќе го заборавите.

За сума од 150 евра, може да отидете еден ден на Санторини, или за сума од 320 евра може да ве однесат два дена на Миконос. Сепак, за македонски стандард тоа е поскапо, со оглед дека седумнедвените аранжмани на Крит, со вклучен авионски превоз, сместување во хотелите кои се веднаш до плажата и доручек и вечера – може да ве чини од 460 евра па нагоре.

А дел од плажите,  лежалките ги собираат во 18 часот, по што плажата се претвора во вистинско место за вечерно уживање. А забави има за секаков тип.

Па така, еден од слободно може да се каже дека едно од најдобрите места за романтично, опуштено и релакисарно вечерно дружење е на плажата Кахлуа.  Покрај тоа што навечер е преуредена во различни бои, кои и даваат посебен шмек, дополнително со чаша вино и морски храна ве опушта и  саксофонистот,  чии џез звуци сигурно ќе ве натераат да останете таму каде што сте нарачувајќи нова пијачка.

krit6

А веднаш до оваа плажа, нешто сосема поинакво. Индиски танц , или малку подолу може да погледнете лајв еротик шоу, а секако еден ден во неделата е загарнтиран за ју забава во еден од локалите. Иако, на плажите помалку е веројатно дека ќе слушнете српски или македонски јазик, затоа што сепак овие гости се уште се во помал број, а оние кои доаѓаат најчесто се распорстранети на различни плажи, една вечер во неделата е резервирана за ваквите забави.

krit4

Но, тука се и дискотеките. Иако цело време се отворени, сепак, вистинската забава почнува после 1 часот по полноќ. И се разбира трае до раните утрински часови. Влезот е бесплатен, а не ретко може да има и по неккој концерт.

krit5

Во Херсонисо, има различна понуда на сместување. Од апартмани до хотели. Од луксуз до просечни кои секој може да си ги дозволи. Па така, дури да не одите преку агецнија, многу е едноставно да си резервитате ссместување и сами, а најдобра опција за да бидете во близина на плажите е да барате апартман или хотел кој е во близина на дискотеките, како што е Палм бич.

Македонските агенции се повеќе го нудат хотелот Никис. Лоциран буквално во центарот на шеталиштето, во првиот ред. Излегувате од хотел, и за минута сте на плажа.

Иако, не станува збор за луксус, сепак, е хотел кој нуди стандардни услови за сместување. Можеби малите соби, или тропањето на вратите кое ќе го слушате, или музиката од дискотеките која нема да изостане да се слуша во собите до раните утрински часови – ќе ги занемарите откако ќе го испиете утринското кафе гледјќи го изгрејсонцето од хотелската тераса и знаејќи дека за една минута сте на плажа.

Станува збор за фамилијарен хотел на грчка фамилија, отворен во 1979 година. Таткото, кој го отворил, сега во последните неколку  години хотелот го препуштил на синот и снаата Ања која е од Полска. Но, во хотелот  работи целата фамилија, па дури и десертот за време на вечерата,  може да ви го служи и најмалото дете кое има неколку години.

Ања за Фактор вели дека од овој бизнис може да се живее, но неа ја загрижува нешто друго. Случувањата со нападите по туристичките центри, настаните во Турција. 

„Се плашам дека ако тоа се случува во други места, може да се случи  и тука. Тоа ме загрижува. Несигурноста“, вели Ања.

По настаните во Турција, Ања објаснува дека сега во Грција се смениле и туристите. Вели сега доаѓаат оние кои оделе во Турција, бараат all inclusive, сакаат да седат во хотелите само, а ние нудиме друг тип на туризам, да се изезе надвор од хотелите, да се прошета островот, поентата е вели, Ања дека сега доаѓаат оние кои во Турција се навиканти за помалку пари да поминат на одмор. Тука е поразлично.

Ања додава и дека малите и средните бизниси во Грција многу сериозно ја почувствувале кризата. Се се прекрши врз наш грб, тоа не го чувствуваат големите компании,  за нив важат други правила. Нас ни наметнаа трошоци и плаќаме сега и за нив. Но исто така, вели Ања, дека правдата е селективна. Инскепциите доаѓаат кај нас, не одат кај големите компании. Тоа е лошо и станува се потешко.

krit7

Но, иако директно не посочува сепак, од разговорот со неа може да се забележи дека Германија не ја сака.  

„И за хотелот и за дома, сакам да купувам производи кои се грчки, така ќе поддржиме економијата на оава земја.Зошто да купува млеко со потекло од Германија или од Германска фирма? Во Грција нема ли крави за да се произведе тоа млеко. Имаме. “вели Ања, и завршува со рееницата дека на Грција можеби не и треба ниту еврото.

krit1

На крај од разговорот Ања додава дека Крит , градот Хероснисо е прекрасно место за живеење, кога сезоната ќе заврши. слободно можам да ги пуштам моите деца сами да шетаат по градот, и ако ги нема доволно е да се јавам кај некој од комшиите да прашам дали ги виделе, објаснува Ања.

Ова е мало место, со малку луѓе , но е прекрасно за живеење, вели Ања во движење, брзајќи кон внатрешноста на хотелот за да почне со проверките дали се е подготвено за појадокот за гостите во хотелот кој се сервира во осум часот наутро. А таа е тука од утро до вечер.  

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни