(ГАЛЕРИЈА) Рајот на Џенифер Лоренс на Беверли Хилс
Објавено во: Стил 25 Декември, 2014 18:53
Компанијата „Zillow Neighbor Survey“ секоја година организира анкета како би откриле кој Америкнаците најмногу сакаат да го имаат за сосед. Оваа година една од најпосакуваните личности е глумицата Џенифер Лоренс која ја добила наградата Оскар за улогатав во филмот „Silver Linings Playbook“.
Во пакет со ова признание Џенифер Лоренс го добила и новиот дом во модерниот крај на Лос Анџелес Беверли Хилс. Куќата е интересна бидејќи во неа живееле неколку познати глумци како Пол Хоген, Елен де Џенерис, Џезиска Симпсон, а сега и Џенифер Лоренс. Нејзини први соседи се Ештон Качер и Мила Кунис.
Куќата е проект на познатата архитектка Кери Џојс која дури и магазинот „Форбс“ ја прогласил за најдобра архитектка на Америка. Според нејзината идеја куќата ги има сите показатели на архитектурата Хемптонс - група на мали места кои го сочинуваат летувалиштето на крајот на Лонд Ајленд. Оттаму светлите бои и многу светлина. Вилата е подигната на добро сочуван имот, има пет спални соби, шест купатила и зафаќа 510 квадрати.
Ентериерката Рејчел Ешвел има небројно многу „Shabby Chic Couture“ на светот откаде снабедева светска клиентела, а токму таа просторот на Џенифер Лоренс и го збогатила со старински лустери и одговарачќи мебел.
Куќата е опкружена со бујна вегетација, камена жардинерија, базен и рибник и навистина личи на вистински мал приватен рај.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:















