Добивај вести на Viber
Шеста јахта по ред, која во текот на оваа година е претставена од страна на бродоградилиштето „ADMIRAL TECNOMAR“ е суперјахтата со должина од 47 метри наречена „Entourage“
Нејзиниот распоред на екстериерот е дело на познатиот дизајнер Лука Дини, кој е блисзок соработник со тимот од Admiral Centro Stile, заедно со претставникот на сопственикот и менаџерот на призводство, додека Драгана Мазниќ се здружила до Admiral Centro Stile при дизајнирање и смислување на дизајнот на ентериерот.
Ентериерот на оваа јахта е прекрасен и наметнувачки поради заграбувачката природна светлина,благодарение на панорамските прозорци од под до плафон, кои се сместени во многу делови на јахтата, како и поради суптилните монохроматски палети на бои, кои креираат елегантен и модерен стил. Престојот на оваа јахта се состои од 10 луксузни кабини, каде може да се сместат до 10 гости. Најимпресивен од сите е секако апартманот на сопственикот, сместен на предниот дел на главната палуба. Во рамки со мастер апартманите се наоѓа и приватна теретана со сауна и простран гардеробер .
Во екстериерот гостите на оваа супер јахта може да уживаат во сонцето, каде е сместено и џакузито. Овој простор ја прави оваа јахта совршено место за организирање на социјални собири , во приватно, но екстремно луксузно опкружување.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: