(ГАЛЕРИЈА) Санките на Дедо Мраз на продажба
Објавено во: Стил 27 Декември, 2014 20:40
Никогаш не е премногу рано да почнеме до подготовките за новогодишните и божиќните празници, посебно ако сте Дедо Мраз...
Може да бидете модерен Дедо Мраз кој патува на своите модерни FWD санки, или традиционален Дедо Мраз кој се вози во своите драги старомодни санки, кои се омилени меѓу децата ширум светот, поради слатките ирваси кои ги влеач. Една од двете Божиќни санки кои потекнуваат од 18 век се најдоа на списокот на „ Bonhams Carriage Collection“ распродажбата - Амстердам санки, чија проценета вредност е помеѓу 11.000 и 16.000 долари.
Кочиите и санките кои се дело на најфините мајстори на тој занает, како што се Holland & Holland, Guiet & Co, Barker & Co и Van Campenhout од 17 век, се дел од оваа аукција која ќе претстави околу 150 предмети. Некои предмети како екс-Royal British Mews 1835 Traveling Landau кочијата, имаат големи историски значења. Очекувана цена на овие кочии, кои се дело на Adams & Hooper компанијата во период од 310.000 до 470.000 долари, колку што денес чини еден Range Rover.
Исто така, овде ќе бидат во понуда и три многу ретки моторни автомобили - Sears Model P Four-Seat High Wheel Runabout од 1908 година, Holsman Economy American Buggy од 1907 година и Brass Radiator Ford Model T Speedster. Големината на овие предмети досега ниту еднаш не се најдоа на аукцијата и ова е прв пат јавно да се изложени и понудени за продажба. Аукцијата ќе се одржи во Оксфорд на 7 март следната година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:










