(ГАЛЕРИЈА) Том Круз ја продава омилената куќа
Објавено во: Стил 11 Март, 2015
Актерската ѕвезда Том Круз ја ставил омилената куќа во Колорадо на продажба.
Имотот е регистриран за продажба речиси три години по разводот со актерката Кејти Холмс во 2012 година.
Агентот на недвижности објаснил за „The Wall Street Journal“ дека 52-годишниот актер решил да ја продаде куќата, бидејќи „не ја користи многу често“.
Куќата, која Круз ја купи, додека беше во брак со Никол Кидман, се нуди за 59 милиони долари. Зградата е изградена во стил на дрвена колиба. Располага со четири спални соби и шест бањи, пријатен камин за студените зимски месеци. Куќата има голема библиотека и соба за деца.