(ГАЛЕРИЈА) Вака ќе изгледа новиот луна парк во Скопје
Објавено во: Стил 17 Септември, 2015
Тимот ,,Лунар” кој победи на конкурсот за идејното решение на новиот луна парк во Скопје ги обави сликите од нивното дело.
Според нивното решение е предвидено луна паркот да има ,,луда железница” и адреналински столб. За децата ќе има летачки рингишпил и балонски замок.
Во Луна паркот ќе има и кино, водени тобогани, автодром и летачки рингишпил.
Младите архитекти планираат да изградат и набљудувачка кула покрај ресторанот во паркот од каде ќе се гледа целиот парк и зоолошката градина. Ќе биде подигнат и воз на столбови кој ќе се движи низ целиот парк.
Еден од главните симболи на луна паркот е месечината. Во едукативен и мултимедијален центар низ разни активности ќе може да се дознае повеќе за Месечината, небесните тела, астрономијата низ разни активности.
Автори на победничкото решение за луна паркот се Климент Патчев, Филип Конески, Марјан Димиќ, Борис Јурмовски и Борко Георгиев.
Инспирација за дизајнирање на паркот им биле анимираните филмови поврзани со футуристичкото гледање кон иднината.