(ГАЛЕРИЈА) Ѕирнете во луксузот на најскапиот хотел во светот
Објавено во: Свет, Стил 25 Март, 2016
Новиот хотел The 13 hotel, кој ќе се отвори во текот на летото во Макао, ќе биде најскапиот и луксузен во светот.
Од мебелот вклучува бањи со шарени витражи, римски бањи и бесплатен превоз со Rolls-Royce Phantoms на клиентите.
Креаторите на хотелот тврдат дека дизајнот и опремувањето на секоја соба чини по 7 милиони долари. Целиот проект чинел 1,4 милијарди долари.
23-катниот хотел има 6 ресторани и бар, како и прекрасен дизајн, комбинирајќи барокни и модерни елементи.
Располага со 200 големи апартмани (наречени вили) со димензии од 60 до 800 квадратни метри.
До секоја од овие 200 вили се доаѓа со приватен лифт во приватно лоби.