05 Мај, 2024
0.0250

ГАЛИЧКА СВАДБА 2019: Традиција и обичаи преточени во атракција

Објавено во: Мои пари 04 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

И оваа година, од 12-ти до 14-ти јули, по 46-ти пат, на падините на планината Бистра, во живописниот Галичник, ќе се одржи традиционалната културно-сценска манифестација Галичка свадба. Неколкуте илјади посетители од земјава и странство кои се очекува да пристигнат на оваа автентична манифестација, одново ќе имаат можност да уживаат во уникатните свадбарски обичаи и ритуали, проследени со богатиот колорит на народните носии и изворните песни и ора карактеристични за овие краеви од Македонија. Во центарот на вниманието и на годинешната најпозната македонска свадба ќе бидат галичката невестa Марина Петровска и младоженецот Огнен Караѓозовски, кој по потекло е од Галичник.


„Како организатори на оваа манифестација сме особено задоволни што и годинава на најдобар можен начин ја продолжуваме вековната традиција на Мијаците, како дел од македонското културно богатство. Галичката свадба е светски позната и призната културна и туристичка манифестација, која придонесува за промоција на нашата земја и на сите нејзини убавини. Тоа, како и сѐ поголемиот број посетители на оваа манифестација, за сите нас претставува дополнителен мотив да продолжиме да вложуваме максимални напори да ја одржиме и постојано да ја збогатуваме“, вели Александар Костиќ од организацискиот тим на Месната заедница Галичник.

Од витално значење за организирањето и одржувањето на атрактивноста на оваа автентична манифестација е поддршката што ја обезбедуваат големиот број нејзини партнери и помагатели. Еден од нив е компанијата „Пивара Скопје“, која е партнер на манифестацијата од нејзините почетоци и која, и оваа година, покрај финансиска поддршка, обезбеди и соодветна количина пијалаци од своето портфолио за сите учесници во свадбeната церемонија.


Горди сме што веќе 46 години во континуитет сме неизоставен дел од оваа уникатна манифестација која е огледало на нашата богата традиција и културно наследство. Им честитам на младенците и во оваа пригода би сакал да наздравиме за нивната љубов, среќа и бериќет, како и за пријателството и заедништвото кои нѐ поврзуваат и зближуваат“, вели Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во „Пивара Скопје“.

Покровител на годинешната Галичка свадба е Претседателот Стево Пендаровски.

Како и секоја година, почетокот на годинешната Галичка свадба ќе биде означен в сабота, на 13-ти јули, со поставување на свадбарското знаме и симболичниот чин на „фрлање“ три пушки од куќата на зетот. Венчавањето на младенците ќе се изврши в недела, во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“ во Галичник, а свеченоста ќе заврши со чинот на испраќање на тапанџиите и зурлаџиите.

Традиционално, со одржувањето на Галичката свадба ќе се означи и почетокот на „Галичкото културно лето“, кое и овојпат се очекува да понуди најразлични забавни и музички содржини, прилагодени за сите генерации посетители.

За да можат сите посетители да уживаат во убавината и автентичноста на годинешната Галичка свадба, во деновите на одржување на манифестацијата, особено в недела, ќе биде воспоставен специјален сообраќаен режим, за кој организаторите апелираат доследно да се почитува. Кон ваквиот апел се приклучи и претставникот на Пивара Скопје кој ги повика сите посетители да консумираат алкохол одговорно, да возат безбедно и да се грижат максимално за одржување на чистата природа во Галичник и неговата околина.


Поддржувачи и партнери на годинешната манифестација Галичка свадба се: Министерството за култура, Пивара Скопје АД, ВВ Тиквеш, Стопанска Банка АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје, ЕВН Македонија, МЕПСО, ЕСМ, Фонд за иновации и технолошки развој, Макпетрол АД Скопје, ОКТА АД Скопје, ГА-МА АД Скопје, Maja - природна нискоминерална вода, Алкалоид АД Скопје, ЈСП Скопје, Општина Маврово и Ростуше, Национален Парк Маврово, ЈПКД Маврово, ЈЗУ Здравствен дом Ростуше, Општина Ѓорче Петров, Неотел, Клиника Жан Митрев, Спортлајф, Дабар, Дигитал Центар, Мобилен санитарен сервис, Шерпа хорс рајдинг, Спајдер Груп, Солар спектар, Пакомак и Комунална Хигиена Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото