Гардијан отпушта 180 вработени: Следи големо преструктуирање поради корона кризата
Објавено во: Економија 16 Јули, 2020
Поради повеќемесечната криза со пандемијата од корона вирусот, 180 вработени од престижниот британски медиум „Гардијан“ ќе ги загубат работните места,
Весникот на својата страница објави дека преструктуирањето може да влијае на 110 места во одделите за продажба, рекламирање и маркетинг, како и на 70 во самата редакција.
Пандемијата доведе до силен пад на приходите на Гардијан, велат главната уредничка Кетрин Вајнер и извршниот директор на Гардијан Медиа Груп, Анет Томас, .
По БИ-БИ-СИ, Гардијан е уште еден британски медиуми, што почна да се реструктуира поради пандемијата. Уште на почетокот на годинава, Би-Би-Си објави дека ќе отпушти 450 вработени како дел од планот за реструктуирање, кој беше запрен за време на епидемијата.