08 Мај, 2024
0.0244

Газдите ќе нудат добри плати дури и за недоволно квалификуваните работници

Објавено во: Економија 22 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Како резултат на иселувањето по неколку години најверојатно македонските газди ќе треба да плаќаат повеќе дури и за неквалификуван работник.

Дека ова ќе се случи ако нешто во меѓувреме не се смени, потврдуваат од приватните агенции за вработување. Велат дека македонските работодавци не ги ценат добрите работници, ниту ги плаќаат како што треба, поради што голем дел ќе заминат надвор.

„Работодавците треба навреме да се освестат и да направат стратегија како да ги задржат добрите работници. Дури и сега имаат проблем газдите да најдат продавачки и продавачи, затоа што даваат ниски плати, по 12.000 или евентуално до 13.500 денари, а за тие пари се работи 6 или дури и 7 дена во неделата. Јас познавам луѓе кои не можат да го искористат одморот кој законски им следува или имаат потешкотии за да добијат слободен ден. Во иднина ќе мора газдите да бидат пофлексибилни, инаку работници ќе нема“- велат од агенција од внатрешноста.

Зоран Попчески од Битола кој долги години посредувал при вработување, вели дека работниците не ги почитуваат газдите, но ниту газдите не ги почитуваат работниците.

„Глобализацијата ќе го направи своето, сите ќе одат таму каде што им е подобро, а локалните бизниси ќе се уништат. Газдата не е крив што не може на работникот да му даде висока плата затоа што не заработува толку пари. Ќе фалат физички работници, мајстори, општи работници, а последните две години многу лекари заминуваат во Германија, додека претходно не беше критично со медицискиот персонал“, додава Попчески.

Германија, Хрватска, Малта, и други земји стануваат дестинација каде Македонците се селат поради подобри можности за работа.

Добри работници ќе фалат и во македонскиот туризам. Крсте Блажески од ХОТАМ вели дека неколку клучни фактори се меѓусебно поврзани и придонесуваат и сега да недостигаат работници.

„И сега е тешко да се најде добар работник за во туризам, а понатаму таа бројка ќе расте. Квалитетниот кадар бега, најчесто во Малта, Хрватска, Црна Гора. Во Хрватска на пример заработуваат околу 600 евра, и таму остануваат сезонски 4 до 5 месеци. Овде работникот ако го чувате 12 месеци, со надеж да се осигурате за сезоната, тој  во април може да замине, и пак да ви фали кадар. Се знае дека 22 до 25% од обртот оди за плати. Владата тука треба да помогне со оданочувањето, тоа е едно врзано коло, така што ако се зголемува цената на енергијата, на прехранбените производи ќе имаме помал обрат, помалку работа, а со тоа и платите нема да растат“, вели Блажески.

Блажески смета дека газдите не се моќни да ги задржат работниците, затоа што висината на платите е поврзана со профитот кој го остваруваат. 

Високи 83,7 отсто од младите во Македонија сакаат да се иселат од земјата. Две третини од нив, односно 52,4 отсто, би се иселиле во некоја од заподноевропските држави, речиси 12 отсто во САД и во Канада, а во некоја од скандинавските држави би се иселиле 10,3 отсто од испитаниците, ова го покажа анкета направена во 2016 година. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување