02 Мај, 2024
0.0296

Георгиевска: Очекувам најмалку 500 кумановски стечајци да бидат згрижени

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Лилјана Георгиевска, претседателка на УНИТ вели дека стечајците ги израдува веста дека над 1.000 од нив ќе добиваат месечен надомест до пензионирање.

Таа очекува дека ќе има околу 2.000 апликации од луѓе кои ги исполнуваат условите за добивање надомест, а според нејзина проценка само од Куманово би требало да бидат опфатени од 500 до 600 стечајци, кои работеле во повеќе фирми. Георгиевска вели дека ќе останат само мал дел на стечајни работници кои нема да бидат згрижени, оние кои немаат 15 години работен стаж или не исполнуваат некој друг од потребните критериуми, но се надева дека по изборите ќе се најде решение и за нив.

„Стечајците се среќни затоа што барем ќе имаат пари да си ги платат сметките, лековите, и ако земеме в предвид дека живееле од социјална помош, секако дека се задоволни. Ова посебно ги израдува луѓето кои 7, 8 или 10 години се стечајни работници, и сепак 8.000 денари не се за потценување“, вели таа.

Собранието на предлог на Министерството за труд и социјална политика ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост. 

„Законот стапува на сила со објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија и ги повикуваме стечајните работници од петок да поднесуваат барања во Центрите за вработување за да може да го остварат правото на користење на месечен надометок од околу 8.000 денари“, информираа надлежните. 

Со последните измени опфатот на стечајни работници коишто ќе бидат материјално обезбедени до нивно пензионирање се проширува на уште 1.000 лица, со што вкупната бројка на материјално обезбедени стечајци коишто ги реши Владата е 12.000.

Стечајните работници години и години протестираа во Скопје и во внатрешноста со барање да им се реши статусот, односно да не бидат оставени без денар до пензионирање. затоа што долги години работеле и вложувале во државата.

Тие протестираа пред институции, но и пред домовите на пратениците за кои тврдеа дека не прават ништо, за да бидат обештетени. Сите овие години стечајците се снаоѓаа како знаеја и умееја, а многу од нив беа на товар на своите деца. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?