03 Мај, 2024
0.0264

ГЕРМАНЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Можен е судир меѓу Хрватска и Словенија

Објавено во: Балкан 28 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Германскиот весник Ханделсблат пишува дека е можно набрзо да се случи судир меѓу Хрватска и Словенија поради Пиранскиот залив, што може да има оружени карактеристики. 

Весникот наведува дека не е исклучена и употреба на полициска сила.

Според весникот,  сите сигнали укажуваат дека следува „бурен период“ во хрватско-словенечките односи поради Заливот и дека не е исклучен ниту оружен судир.

Словенија планира да почне реализација на пресудата од Арбитражниот суд, според која на државата ѝ припаѓаат две третини од  заливот.

Хрватска ќе се спротивстави имајќи предвид дека арбитражата ја смета за ништовна.

Словенечкиот премиер, Миро Церар најави дека Љубљана, кон крајот на неделава, кога истекува рокот за договор со Загреб, ќе ја почне примената на арбитражната пресуда за границата во Пиранскиот залив, и покрај тоа што Хрватска одбива да ја прифати донесената одлука. Церар рече дека не очекува да има инциденти доколку, граничната линија што е определена со арбитражниот договор биде почитувана од страна на Хрватска.

„Спроведувањето на арбитражната пресуда е меѓународна обврска на Словенија и Хрватска, тоа не е нешто за што можеме да одлучуваме туку мораме да ја спроведеме“- нагласи Церар. 

Тој  ја известил хрватската Влада дека Љубљана е подготвена за спроведување на арбитражната одлука, како и дека се подготвени сите потребни акти за таа постапка да може да почне на 29 декември.

Хрватскот премиер, Андреј Пленковиќ, изјави во саботата дека Загреб во односот со Љубљана по прашањето за граничниот спор го „штити она што е хрватско“.

Коментирајќи ја намерата на Словенија, од 29 декември да ја спроведе одлуката што Хрватска не ја признава, Пленковиќ изјави дека „нема еднострано спроведување на каква било пресуда“, како и дека на Љубљана и на партнерите од  меѓународната заедница им е посочено дека во „вакви ситуации наважно е да се избегнуваат еднострани чекори кои можат да доведат до инциденти“.

Можеби ќе ве интересира

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни