Германците радосни, пензиите ќе им се покачат
Објавено во: Свет 23 Март, 2017
Германската влада откри дека пензиите ќе пораснат благодарение на тоа што платите во земјата значително пораснале. Според министерството за труд во источниот дел на Германија покачувањето на пензиите ќе изнесува 3.6%, додека пак во Западна Германија пензионерите месечно ќе имаат поголеми примања за 1.9% со што треба да се намалат разликите во доходот меѓу двата региона.