Германија, Франција, Италија и Бенелукс се за единство во Европа
Објавено во: Свет 25 Јуни, 2016
Идејата за единство на Европа останува актуелна и по Брегзит.
Процесот на излегување на Британија од Европската унија треба да започне што е можно поскоро, за да може да се концентрираме на други прашања, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер по состанокот со своите колеги од Франција, Италија, Белгија, Холандија и Луксембург.
„На состанокот ние ја потврдивме волјата дека ќе ја сочуваме Европа заедно. Процесот на излегување на Британија од ЕУ треба да започне што е можно поскоро, за да може да се концентрираме на други прашања актуелни за Европа"- истакна шефот на германската дипломатија.
Инаку, според него, ќе започне период на неизвесност, кој може да наштети на иднината на односите на ЕУ со Велика Британија.
На референдумот што се одржа на 23 јуни, 51,9% од Британците гласаа за излегувањето на нивната земја од унијата, а за останување во ЕУ беа - 48,1%. Брисел го повика Лондон веднаш да започне преговори за излез од ЕУ.