01 Мај, 2024
0.1313

ГЕРМАНСКИ НОВИНАР: За Македонците преговорите би можеле да бидат завршени уште пред да започнат

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Германски новинар анализира дали Македонија ќе почне преговори со ЕУ, или ќе се соочи со блокада од источниот сосед. 

Земјите-членки на ЕУ во март годинава се согласија да започнат пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија, но за Македонците преговорите би можеле да бидат завршени уште пред да започнат – поради блокадата на соседна Бугарија, која е членка на ЕУ од 2007 година, oбјави германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. 

Авторот на текстот, новинарот Михаел Мартенс, го спомнува документот што Владата на бугарскиот премиер Бојко Борисов им го достави на своите партнери во ЕУ со условите кои Северна Македонија мора да ги исполни со цел Бугарија да се откаже од ветото на започнување на пристапните преговори. 

Нешто такво веќе и е познато на Северна Македонија, пишува весникот и потсетува дека Скопје, по барање на Грција мораше да го смени името на државата во Северна Македонија во 2018 година, затоа што „наводно, според грчката позиција, Македонија е термин што се поврзува со Александар Македонски, па затоа и Македонците, кои се Словени, немаат право на тоа“.

 – Широко распространетата позиција во Бугарија е дека македонскиот јазик не постои и дека тој е западнобугарски дијалект. Така, Бугарите бараат за време на пристапните преговори, во сите документи да смее само да се споменува „официјалниот јазик на Република Северна Македонија“, наведува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. 

Авторот понатаму пишува и за „македонскиот идентитет“, кој, според Бугарите, постои само од 1944 година и кој е „создаден со диктаторски средства“ во Титова Југославија „за Македонците да заборават дека се Бугари“.

Македонските власти сепак се надеваат дека ќе се најде решение со Бугарија. 

Се бара со аргументи, а не со емоции да се дојде до решение. 

Можеби ќе ве интересира

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија