26 Април, 2024
0.0280

ГФГ Алијансата го заврши 100-дневниот стратешки преглед на ЛИБЕРТИ Скопје и ветува долгорочни инвестиции од 25 милиони евра

Објавено во: Мои пари 20 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

  • Инвестиции од 25 милиони евра на долг рок со цел создавање на водечки бизнис за челик во регионот
  • Значителна инвестиција за зголемување на брзината и ефикасноста на линиите за пластификација и поцинкување
  • Посветеност за  јаглеродо неутрална оператива до 2030г. („CN30“)

По завршувањето на 100-дневниот стратешки преглед, ГФГ Алијансата денес ги објави плановите за трансформација на ЛИБЕРТИ Скопје во водечки деловен партнер за челик во регионот, како и започнување со плановите кон јаглеродно неутрално работење. Инвестицијата од 25 милиони евра вклучува планови за проекти за зголемување на капацитетот и намалено време за промена на боја на основните производни линии, како и инвестирање во продуктивностa со цел забрзување на клучните линии за сечење.

Санџив Гупта, извршниот претседател на ГФГ Алијансата, изјави: „Преку оваа значителна инвестиција ние го подготвуваме ЛИБЕРТИ Скопје да стане водечки деловен партнер за челик во регионот и да го започне своето патување кон јаглеродно неутрално работење, кое сакаме да го постигнеме до 2030г. Нашиот фокус е ставен на проекти за подобрување што значително ќе ја зголеми понудата на нашите производи, ќе ги намали емисиите на јаглерод и ќе обезбеди поголема оперативна флексибилност. Нашата стратегија ќе овозможи ЛИБЕРТИ Скопје да биде конкурентна и одржлива компанија на долгорочен план за да може да реинвестира и да продолжи да обезбедува висококвалитетно вработување за идните генерации“.



Преку овие инвестиции, ЛИБЕРТИ Скопје ќе го направи својот бизнис поодржлив, и економски и еколошки, преку инсталирање на нова машина за нанос на боја на линијата за пластификација со цел зголемување на капацитетот и скратување на времето за промена на боја, како и преку инвестирање за забрзување на линиијата за сечење.

Волфганг Марингер, извршен директор на Либерти Скопје, изјави: „Напорно работевме за развивање на нашиот долгорочен план додека во исто време справувајќи се со значителни, краткорочни потешкотии на пазарот и интегрирајќи се во глобалниот Либерти бизнис. Бев особено импресиониран од посветеноста што секој вработен ја покажа и со нетрпение очекувам да продолжам да работам со вакви квалификувани и посветени вработени во ЛИБЕРТИ Скопје, за да станеме најсилен деловен партнер за челик во целиот регион, нудејќи им на нашите клиенти сигурни, флексибилни и иновативни производи.

Од преземањето на бизнисот во јули 2019г., ГФГ Алијансата на ЛИБЕРТИ Скопје и обезбеди значителна финансиска поддршка и поддршка од високиот менаџмент, кои донесоа голем број оперативни подобрувања, вклучувајќи и надградба на инфраструктурата во фабриката.

Бизнисот исто така спроведе нови иновативни програми за да им овозможи на вработените и раководството да соработуваат едни со други со цел да ги идентификуваат можностите и да ги спроведат промените.

Нил Барел, главен оперативен директор на ГФГ Алијансата, изјави: „Откако го преземавме бизнисот во јули минатата година, тесно соработувавме со тимот на ЛИБЕРТИ Скопје за детално да го разбереме бизнисот и да спроведеме низа иницијативи, како и да идентификуваме можности за имплементирање проекти за подобро користење на енергијата. Овие промени, заедно со инвестицијата која ја споделивме денес, значително ќе ги зголемат нашите оперативни перформанси и ќе помогнат во извршување на плановите за јаглеродно неутрално работење. Со нетрпение чекам да почнам да работам со Волфганг и неговиот тим за да помогнам во реализирањето на потенцијалот на ЛИБЕРТИ Скопје“.

ЛИБЕРТИ Скопје продолжува да биде дел од меѓународниот бизнис на Либерти Стил Групацијата, која сега опфаќа 200 производствени локации во 10 земји, со што стана осма по големина компанија за челик (не вклучувајќи ја Кина).


Можеби ќе ве интересира

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум