ГИ МАЧИ СКАПОТИЈА: Им требаат три минимални плати за да преживеат
Објавено во: Балкан 11 Април, 2017
Во Србија на граѓаните им требаат три минимални плати за да преживеат.
Колку заработуваат граѓаните не се знае точно, но официјалните статистики покажуваат дека просечната заработка била 41.508 динари во јануари.
Тоа не е доволно за сите трошоци во домаќинството затоа што потрошувачката кошничка изнесува 68.563 динари, или да се наполни потребна е уште 1.65 од просечните плати.
Од месец во месец и потрошувачката кошничка поскапува.
Во декември трошоците и услугите биле за 1.4% повисоки од декември, а ако се спореди јануари со јануари лани, скокот на цените е 2.4%.
Во јануари во Србија поскапеле храната и алкохолните пијалоци, транспортот, комуникациите, здравството, кириите, ресторани и хотели, а пад на цените има само кај облека и обувки.
Во однос на просечната плата се наведува дека тоа не е одраз на реалната заработка затоа што во некои сектори има многу високи плати, а во други е спротивното.