03 Мај, 2024
0.0251

Глуварче или прополис за отстранување на бемки

Објавено во: Стил 21 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Ако се прашувате дали има соодветни рецепти за отстранување на бемки со билки и природни средства, тогаш следната статија сигурно ќе ве заинтригира, бидејќи таа ги исполнува позитивно вашите прашања и ви открива некои прилично ефикасни методи.

Всушност бемките се бенигни кожни заболувања. Тие се различни по форма, големина и боја. Има два вида: вродени и стекнати.

Првиот тип се сретнуваат уште при раѓањето на човекот или во неговите први години. Иако ретко се случува, овие бемки можат да ја зголемат постојано оригиналната големина, претворајќи се не само во естетски, но и здравствен проблем.

Стекнатите бемки се среќаваат доста често. Се појавуваат во детските години, и го зголемуваат бројот во пубертет.

Понекогаш се случува тие да добијат релјефни форми. Нивното отстранување е императив претежно од естетски размислувања - главно кога се наоѓаат на места подложни на механичко триење како стапала, прсти, набори и слично.

Ако не сакате да подлегнете на медицински процедури, може да пробате ефикасно отстранување на бемки со билки или други природни средства. Испробајте го третманот со рачки од глуварче. Во пролетта, кога глуварчето цвета, а сега му е екот на сезоната тоа пушта млеко. Соберете неколку стапчиња, пресувајте ги и соберете го млекото кое ќе го пуштат. Нанесувајтна бемката со млечниот сок секој ден и до три недели ќе забележите како тие почнуваат да се намалуваат и исчезнуваат.

Друг многу ефикасен начин за отстранување на бемки е со помош на 50 грама восок и 30 грама прополис. Растопете ги двете состојки во водена бања и кон нив додајте го сокот од еден лимон. Во уште топлота мешавина потопете парченце ткаенина, по можност памук, почекајте малку да се излади и се ставете врз бемката да отстои околу половина час. Ако по четири дена таа се уште е таму, повторете ја постапката повторно.

Осигурете се сами колку лесно и ефикасно може да биде отстранување на бемки со билки и други природни средства.