Го фатила полиција, па скопјанец ги проголтал сите екстази таблети
Објавено во: Македонија 02 Март, 2020
Го фатила полиција, а тој за да не му ги најдат таблетите екстази ги проголтал на лице место. Полицијата соопшти дека дваесет и шест годишниот скопјанец е пренесен во гостиварската болница. Инцидентот се случил вчера попладне на патот Гостивар – Кичево.
Имено во 17:30 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Здуњската крстосница, полициски службеници ги лишиле од слобода М.Д.(26) од Скопје, А.С.(23) од Пехчево и 17-годишно женско лице од Скопје затоа што при нивен и преглед на патничкото возило „хјундаи“ со скопски таблички, биле пронајдени таблети екстази.
„Двете женски лица биле задржани во полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, додека М.Д., кој во меѓувреме ги проголтал таблетите, бил пренесен во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош, соопшти МВР.