20 Мај, 2024
0.0295

„СЕ ГЛЕДАМЕ ВО НОВИОТ СОБРАНИСКИ СОСТАВ“: Да ги преброиме зулумите, да ги израмниме есапите, порача Апасиев

Објавено во: Македонија 10 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Димитар Апасиев се огласи на Фејсбук за изборниот резултат кој го оствари неговата партија Левица.
НЕКОИ БИТКИ МОРА ДА ГИ ВОДИМЕ ПОВЕЌЕ ОД ЕДНАШ, ЗА ДА МОЖЕМЕ ДА ПОБЕДИМЕ

Борбата за правична и поубава Македонија за сите нас е Борбата што вреди!

Како претседател на Левица, Ви пишувам со големо чувство на благодарност...

Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за неумоливоста и вербата на секој наш член, гласач, поддржувач, симпатизер и граѓанин кој верува во нашата искреност и визија за подобра иднина.

На ЧЛЕНОВИТЕ на Левица им должиме огромна благодарност! Вашата посветеност и пожртвуваност, истрајноста наспроти притисоците и работата за нашата заедничка кауза се движечката сила позади нашиот континуиран успех. Растот на Левица од нула до она што е денес, организирањето теренски активности за контакт и дискусии до граѓаните, вклучувањето во кампањите, сета напорна работа и масовна мобилизација не останаа без резултат. Вашата издржливост и одлучност во клучните моменти е она што дополнително нè поттикна да одиме решително напред и ни овозможи да направиме сериозна разлика во политичката култура во Македонија.

На нашите ГЛАСАЧИ им благодариме за дадената доверба. Вашата храброст да постапите различно од сите останати, вашата мудрост да ги препознаете искрените заложби наспроти бројните лаги и манипулации во етерот, како и вербата во нашата работа и кауза е катализатор на промените кои претстојат. Ја разбираме тежината на одговорноста што ни ја доверивте и ветуваме дека чесно и доблесно ќе работиме за да бидеме достојни на Зборот даден кон вас. Идејата за поубава Македонија е жива и преку нашата работа во законодавниот дом ќе ја чуваме и работиме на нејзина реализација. Вашиот глас ни даде простор да се залагаме за политики кои даваат приоритет на благосостојбата на граѓаните, заштита на животната средина и на националните ресурси, унапредување на состојбите во здравството, образованието, правосудството, но и заштита на националното прашање и македонскиот идентитет.

На сите наши СИМПАТИЗЕРИ и поддржувачи (дома и во странство), ви благодариме што останавте покрај нас во текот на нашиот перманентен раст и созревање на политичката сцена. Без разлика дали тоа беше преку волонтирање, донации, јавна поддршка, споделување на нашите идеи или друг начин, вашата поддршка е непроценлива. Вербата во нашата левичарска Кауза ја поттикнува нашата решителност уште поборбено да тргнеме кон значајни промени и да создадеме пофер, попрвично и порамноправно општество за нашиот народ.

Борбата која ни претстои не сме наивни да веруваме дека ќе биде лесна. Напротив, свесни сме дека ќе биде сериозен предизвик. Сепак, со вашата континуирана поддршка убеден сум дека можеме да дојдеме до уште подобри резултати кои ќе значат надеж, но и можна поубава иднина дома, во Македонија.

Заедно докажавме дека трулиот систем може да се изигра.

Дека најголема закана за него се чесните граѓани, кои се спремни да бидат над матрицата на клиентелизмот и личниот интерес понуден од „змијата“ (СДС) или „магарето“ (ДПМНЕ).

Дека токму тие луѓе исфрлија шест нечесни и на нивно место донесоа шест чесни народни претставници, а разликата допрва ќе ја сведочиме!

Со Левица, нема веќе инфериорни Македонци во сопствената држава!

Со цел на нè запрат - прво нè исмеваа, потоа нè напаѓаа, а сега, веќе ни се плашат!

Затоа, Борбата не смее да запре, сè додека не ги победиме!

Фала ви на сите, од сè срце. 

p.s. Се гледаме во новиот собраниски состав - да ги преброиме зулумите, да ги израмниме есапите.“ напиша тој на фејсбук.



Можеби ќе ве интересира

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување