06 Мај, 2024
0.0238

Го изгубив трпението, се извинувам за лошиот пример - папата откако се преиспита

Објавено во: Свет 01 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Папата Франциск се извини за своето однесување од претходниот ден, кога го загуби трпението и ја удри по раката упорната верничка која го повлече.

„Трпеливоста е љубов. Понекогаш го губиме трпението, како јас вчера. И денеска се извинувам за вчерашниот лош пример“, изјави понтификот во средата обраќајќи се со традиционалната проповед пред верниците собрани на плоштадот на Свети Петар во Ватикан по повод Новата година.

Видеото од инцидентот можеше да се види на ватиканскиот YouTube канал Vatican Media и брзо се рашири на социјалните мрежи.

А на својата последна прошетка на преполниот плоштад Свети Петар во Ватикан, папата Франциск го сврте вниманиетео на целата светска јавност со еден, во најмала рака, невообичаен гест. Тој, видно налутен, ја отргна раката од една жена која го зграпчи и не го пушташе.

На видеото, што го пренесе Ројтерс, може да се види дека папата жената дури и ја плесна по раката, по што демонстративно го напушти плоштадот.

Папата го минуваше плоштадот Свети Петар поздравувајќи ги верниците на патот кон макетата со сцена од раѓањето на Исус, поставена на шеталиштето. Но, во еден момент, жена која се прекрстуваше и со нетрпение го очекуваше папата, го зграпчи за рака, бидејќи тој реши токму пред да стаса до неа, да се сврти и да го напушти местото.

Можеби ќе ве интересира

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија