Гоце не го даваме, порачаа демонстрантите
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2020
„Гоце не го даваме“, извикуваат луѓето кои вечерва се приклучија на протестот на ВМРО-ДПМНЕ, посветен на херојот Гоце Делчев, за кој се води спор со соседна Бугарија.
Се веат македонски знамиња и се пеат патриотски песни. Граѓаните извикуваа „оставка“, но и „Никогаш Северна, само Македонија“.
Протестот ќе заврши пред Министерството за надворешни работи.
Претходно, ВМРО-ДПМНЕ организираше два протести против поскапувањето на струјата.