Ѓоковиќ: Еден од најтешките порази во животот
Објавено во: Балкан, Стил 08 Август, 2016
Најдобриот тенисер на светот беше главна надеж на Србија за злато во Рио, но уште во првото коло го запре Аргентинецот Хуан Мартин дел Порто.
„Ова е еден од најтешките порази во мојот живот и кариера. Раните уште се свежи. Боли ужасно. Боли бидејќи многу луѓе се потпираа на мене. Јас им се извинувам што ги изневерив. Многу сум тажен и разочаран“, рекол Ѓоковиќ.
Дел Потро втор пат во низата го совладал Ѓоковиќ на ОИ, пред четири години во Лондон го победи во мечот за бронзен медал.
„Делпо беше подобар играч и заслужено победи. Во клучните моменти играше исклучителен тенис и морам да му честитам. Драго ми е што ме победи добар пријател кој долго се мачеше со повреди“, додал Ѓоковиќ.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/qzHuv5RnGUc[/embed]Ѓоковиќ во солзи го напушти тенискиот терен во Рио.
„Нема да звучам како да кукам. Цел живот, се што постигнав во кариерата ми подарија бог и животот и јас сум исклучително благодарен на тоа. Тоа е нешто неверојатно што го доживеав до сега во кариерата. Овие Игри беа толку долго исчекувани со желба, не можев да го пружам својот максимум и да го прикажам својот тенис. Не барам изговор, но еве. Тажно е бидејќи заврши на овој начин“, заклучи српскиот тенисер.
Ѓоковиќ и понатаму има шанси да освои медел во Рио, со Ненад Зимонјиќ ќе игра во второто коло во конкуренција со парови.