Голем трговски центар се отвори во Њујорк - како е да се купува таму?
Објавено во: Свет 15 Март, 2019
Конечно е готов. Огромен трговски од милион квадратни метри простор за малопродажба се отвори во Њујорк денеска, ветувајќи дека ќе им понуди на жителите на градот и туристите шопинг искуство различно од она во традиционален трговски центар, објави cnbc.
Продавниците се изградени од двајца од најголемите светски инвеститори Related Cos. и Oxford Properties Group.
Има продавници за облека од Uniqlo, H & M, Zara и Athleta до луксузни продавници Диор, Фенди, Картие и Тифани.
Апартмани во луксузни станбени згради во близина одат за најмалку 5.000 долари месечно.
Синџирот Equinox во јуни ќе го отвори и својот прв хотел.