Гори фабрика - загинаа луѓе
Објавено во: Свет 29 Април, 2018
Во Тајван при голем пожар кој избувна во текот на ноќта во фабрика за производство на микрочипови загинаа седум луѓе, соопшти Централната информативна агенција на островот.
Меѓу жртвите се двајца работници од Тајланд и петмина пожарникари.
Други седум лица од спасувачкиот тим се повредени и задржани во,болница. Двајца од нив, како што кажаа лекарите, се наоѓаат во тешка состојба.
Засега не е позната причината за пожарот.