ГОРИ ВО АРАЧИНОВО: Пожар зафати трева и шума
Објавено во: Македонија 02 Март, 2020
Во Арачиново попладнево избувнал пожар во близина на ресторанот „Холивуд“ каде гори сува трева и нискостеблеста шума.
Во противпожарната служба на Град Скопје има неколку пријави од вознемирени граѓани, а од таму велат дека нивните екипи се на терен, јави ТВ 21.