Гостиварец пукал со пиштол на прослава пред штаб
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2021
Maж пукал на прослава пред штаб во полошко, поради што полицијата го повика на разговор.
Во Полициска станица Гостивар вчера околу 21:30 часот е повикан Е.Ј.(44) од гостиварското село Градец. Како што соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, полицијата постапила по пријава според која вечерта на 17 октомври околу 21 часот со огнено оружје пукал на прослава пред штаб на политичка партија во Неготино-Полошко. На посоченото место пронајдени и подигнати за вештачење се две празни чаури, а од Е.Ј. е одземен пиштолот кој го поседувал со дозвола.