ГОТВАЧИ, МЕСАРИ, ФРИЗЕРИ: Еве што недостига во оваа земја
Објавено во: Балкан 29 Јуни, 2017
Готвачи, месари, фризери се дел од професиите за кои се потребни работници во Хрватска.
Работа секогаш има, а платите се добри. Барани на пазарот на труд во оваа земја се и медицинските сестри. Сестрите се барани насекаде во светот. Во оваа земја се намалува бројот на ученици кои завршуваат средни стручни училишта.
Како дефицитарно занимање се јавува и веб дизајнот.
Причина што нема кадри за одредени професии е тоа што младите сакаат полесна работа, а друг проблем е што во училиштата нема доволно пракса.