Град од Балканот цели 25 години има негативен природен прираст
Објавено во: Балкан 25 Декември, 2017
Цели две и пол децении српската престолнина има негативен природен прираст.
За 25 години Белград има за 70.154 жители помалку, односно колку и населбата Обреновац, пишуваат српските медиуми.
Податоците на табелата на Секретаријатот за управа – Сектор за статистика покажуваат дека поголемиот број жители на Белград е резултат на миграција на населението од други места во главниот град, а не на „бејби-бум“.
Во 1991 година во градот имало позитивен природен прираст.
Од САНУ веќе алармираа дека 1.200 села во Србија ќе исчезнат поради иселување.
Тоа значи дека Србија ќе изгуби територија која е поголема од Косово.
„Црна прогноза“ ЦИА има направено за Србија, каде се предвидува дека ќе има дури 32,2% помалку население до 2050 година.