08 Мај, 2024
0.0259

Градинките отворија: Помалку деца, но и помалку негувателки-ослободени од работа поради хронични болести

Објавено во: Македонија 09 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Утринава, по цели седум месеци повторно почнаа со работа установите за згрижување деца. Според последните податоци од Министерството за труд и социјална политика, од денеска ќе бидат згрижени 14.555 дечиња под посебни протоколи кои ќе важат и за најмалите, но и за вработените.

Огромен проблем во мометов со кои се соочуваат градинките е недостигот на соодветен кадар, бидејќи повеќе од 260 вработени досега беа ослободени од работа по разни основи, хронични болни, трудници, породилни отсуства, како и деца до 10 години.

Освен што Министерството за труд и социјална политика ги повика општините да ангажираат дополнителен соодветен кадар во оние градинки каде што недостига, од завчера Владата, по претходна препорака на Комисијата за заразни болести донесе одлука за враќање на работа на луѓето со хронични заболувања, кај кои болеста стагнира, односно е целосно под контрола.

Директорот на Центарот за јавно здравје на Скопје, епидемиологот д-р. Александар Стојанов, кој истовремено е и член на Комисијата за заразни болести, во изјава за Фактор напоменува дека ваквата одлука нема да важи за хронично болните кај кои болеста не стагнира, но за тоа треба да имаат потврда од лекар специјалист.

-Луѓето кои имаа хронични болести сега треба да се јавата кај своите матични лекари и да ги упатат не специјалистички прегледи. Секако дека бубрежно болните треба да одат на контрола кај нефролог, пациентите со хронични срцеви заболувања да се јават на кардиолог, оние со покачен шеќер да извршат контролен преглед кај ендокринолог и така натаму. Специјалистичкиот преглед ќе утврди дали дел од оние кои до сега беа ослободени од работа ќе може без никакви проблеми да си се вратат на своите работни места. Досега имаше и злоупотреби, дел од нив, се правеа само не седеа дома. Истераа и годишни одмори и прослави и разни собирања, така што сега е време да си почнат со работа, вели д-р. Стојанов за Фактор.

Инаку, како што потенцира, доколку доследно се почитуваат протоколите, ризикот за зараза од корона вирусот е сведен на миниму, Тоа важи и за вработените во установите за згрижување деца. 

Таму протоколите предвидуваат во групите до 2-годишна возраст треба да бидат згрижени најмногу 6 деца, а од 2 до 6 години групите смеат да згрижат најмногу до 15 деца. Мора да се избегнува контакт меѓу децата од различни групи. Да се врши дезинфекција на просторот на секои два часа. На вработените и на децата задолжително ќе им се мери температура при влез во греадинката. Установите се должни да обезбедат заштитна опрема, и сите вработени задолжително мора да носат маски. Не се дозволува собирање и меѓусебни контакти на вработените во посебни простории. Децата ќе спијат на растојание од еден и пол или два метри на принципот „нозе-глава“. Ќе има постелнина за секое дете обележана со името на детето. Ќе биде забрането користење на играчки кои не се перат и не се дезинфицираат.

Доколку некое дете појави некакви симптоми за време на престојот во градинката, ќе се изолира во посебна просторија и ќе биде контактиран родител. Секоја градинка ќе има задолжено лице, по можност медицинско за контакт со надлежниот центар за јавно здравје. Родителот доколку забележи симптоми кај детето не треба да го носи во градинка. При секое ново вклучување на детето во градинката, родителот е должен да достави потврда од матичниот педијатар со која ќе докаже дека детето е здраво.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ДИК: На претседателските најголема излезност во Пробиштип, а најмала во Боговиње

ДИК: На претседателските најголема излезност во Пробиштип, а најмала во Боговиње

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија и лично

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија и лично