Градоначалникот на Берлин: Ситуацијата е под контрола!
Објавено во: Свет 20 Декември, 2016
Ситуацијата во Берлин е под контрола. Ова го објави градоначалникот, Михаел Милер, соопштува весникот Die Zeit.
„Она што го гледаме тука, е драматично"- изјави Милер по инцидентот, признавајќи дека бил шокиран од веста и од пораката за најмалку деветмина загинати.
Националниот весник Die Welt пак информира дека неколку дена имало индикации за можен напад на традиционалниот божиќен базар во федералната престолнина на Германија. Изданието сепак не дава поконкретни информации.
12 лица загинаа откако камион синоќа влета во божиќен пазар во Берлин. Според полицијата, веројатно станува збор за терористички напад.