Граѓани се причестуваат, полиција пред црквите
Објавено во: Македонија 16 Април, 2020
Со нововоспоставен ред денеска граѓаните ги посетуваат православните храмови за да се причестат по повод верскиот празник Велик Четврток.
Свештенството ги пропушта верниците само еден по еден, а утринската литургија ја извршија само богослужбениците.
Причестувањето сепак се извршува од една лажичка, а пред попрометните храмови беше забележано засилено полициско присуство.
Верниците го почитуваат редот, а ги следат и препораките со носење заштитни маски и ракавици.
Утре се очекува причестувањето на биде помасовно за Велик Петок, по што по 16 часот настапува забраната за движење која ѓе трае до вторник до 05.00 часот.
Тоа ќе биде последна прилика за причестување за граѓаните пред Воскресение Христово.