09 Мај, 2024
0.0304

ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИГИТАЛЕН ИДЕНТИТЕТ: Oва ќе значи полесен и еднаков пристап, но и заштита од злоупотреби

Објавено во: Економија 07 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Со помош на меморандумот со Мастеркард, граѓаните ќе дoбијат можност за дигитален идентитет. 

Македонија е една од првите земји во светот, каде целото население добива можност за електронски идентитет. Во Владата денеска е потпишан меморандум за разбирање со Мастеркард. Меморандумот го потпишаа министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, министерката за финансии Нина Ангеловска и менаџерот на Мастеркард за Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Косово, Вања Манова. На потпишувањето присуствуваше и Чарлс Волтон, заменик претседател на „Мастеркард” за дигитален идентитет.

„Ова значи дека преку вашиот мобилен уред со отворање на апликација, најпрво го скенирате вашиот личен документ, лична карта или пасош. На тој начин, податоците се проверуваат и камерата на мобилниот уред се вклучува и врши проверка дека станува збор за физичко лице. По овој чекор се врши проверка со сликата во личниот документ и уредот ве идентификува. Ова значи дека повеќе нема потреба да користите усб, токен, документи во хартија, физичко присуство за институцијата да ве идентификува“ – рече Манчевски.

Кажа  дека со меморандумот за корисниците на порталот е-услуги се предвидени 5 бесплатни потпишувања за првите 150.000 корисници на е-владини услуги во текот на првите 12 месеци,  по официјалното отпочнување на акцискиот план. За реализација на ова Мастеркард ќе потроши 3 милиони евра.

„Во некои земји, дигиталниот идентитет е целосно консолидиран и има примена во секојдневниот живот со крајна цел олеснување на сите постапки“, изјави министерката за финансии Ангеловска.

Таа вели дека освен полесен пристап, граѓаните ќе бидат заштитени од злоупотреби. 

Можеби ќе ве интересира

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните