Граѓаните ќе можат да ги контролираат своите градоначалници колку пари трошат
Објавено во: Мои пари 11 Јули, 2013
Македонските граѓани ќе можат да ги контролираат своите градоначалници колку пари трошат. Ова ќе им го овозможи веб сервисот „Следи ги парите“, www.SlediGiParite.mk , што го промовираше денеска Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“.
- Целта на сервисот е да ја доближи фискалната политика на локалните самоуправи во Македонија до граѓаните, преку едноставно и транспарентно прикажување на приходите и расходите на општините - рече на прес-конференција Елена Игнатова, претставник на „Метаморфозис“.
Моментно сервисот содржи податоци за 15 општини, а во наредниот период ќе бидат додадени и други општини.