Грчката црква ќе расправа за спорот за името со Македонија
Објавено во: Балкан 10 Јануари, 2018
Синодот на грчката црква денеска ќе се состане со цел да разговара за спорот за името кој го имаат Грција и Македонија, особено по најавите дека наскоро можно е да се најде решение.
Светиот синод ќе се состане со 12 архиепископи со цел да се зацврстат претходно утврдените позиции во однос на прашањето за името.
Според архиепископот Јеронимос, Грчката црква не може да остане рамнодушна за вака важно национално прашање. Дел од грчките владици се целосно против употребата на терминот Македонија во сложеното име кое треба да се официјализира за Република Македонија.