ГРЧКИ ФУНКЦИОНЕР: И ние палевме знамиња и викавме „земете оружје да одиме во Скопје“
Објавено во: Балкан 28 Февруари, 2018
Висок функционер од грчкото МНР за грчката ТВ Антена вели дека и тие запалија македонски знамиња во Солун и се слушнале слогани „земете оружје да одиме во Скопје“.
Истиот извор на прашањето на Антена „за зголемениот тон во последните изјави на Заев“, упатил на коригираните изјави на македонскиот премиер Зоран Заев во однос на имињата што се на преговарачката маса, но и за барањето за промена на Уставот.
Во однос на текот на разговорите за скопското прашање, за процените за договор уште во текот на март, истиот извор коментираше: „не знам, ова треба да го одлучат другите. Ние имаме кажано дека нема да прифатиме еден лесен договор, објави телевизијата Антена.
Синоќа на протестот во Скопје за одбрана на името беше запалено грчкото знаме. Едно лице е приведено затоа што кај него се најдени молотови коктели, а еден полицаец синоќа е повреден.