Грчки министер поднесе оставка по скандалот со државна кирија
Објавено во: Балкан, Свет 27 Февруари, 2018
Грчкиот министер за економија и развој Димитри Пападимитри денес поднесе оставка, откако неговата сопруга, заменичката-министерка за труд Ранија Антонопулу беше вмешана во скандалот околу изнајмувањето стан со државни пари. Неодамне беше обелоденето дека Антонопулу побарала и примила надомест за изнајмување стан во Атина, и покрај податоците дека поседува половина милион долари. Таа вчера исто така поднесе оставка од функцијата.
Антонопулу во изминатите две години од владата примила помош од 23.000 евра за изнајмување стан. Грчката опозиција ја обвини Антонопулу дека е неористојно да зема надомест во период кога Грција се соочува со длабока економска криза. Владата на премиерот Ципрас најави дека на членовите од Кабинетот ќе им се укине надоместокот за изнајмување стан.
Во писмото до Ципрас, министерот за економија навел дека оставката ја поднел поради „политичка сензитивност“, јави Ројтерс.