08 Мај, 2024
0.0243

Грчки политичари - Нема договор без промена на Устав

Објавено во: Балкан 08 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Се поголем број на грчки политичари истакнуваат дека договор не може да се постигне без промена на Уставот на Македонија со што тие сметаат дека ќе стави крај на иредентизмот. Лавина реакции следат откако премиерот Заев даде идеја во поглед на заштитата на нациналните малцинства надвор од границите да го отвори грчкиот устав и да види како тие се грижат за грчкте граѓани надвор од границите на Грција и би го применил истото решение.  

- Идентитетот е чувство и за него не можете да преговарате, да се ценкате. Јас верувам дека во тој дух, водејќи се внимателно кон партнерите со кои преговараме ќе изнајдеме решение, а истовремено да се отвори и Уставот на Грција и да видиме како тие водат грижа за Грците надвор од Грција. Јас сум подготвен, како тие водат грижа за Грците надвор од Грција, така и ние да водиме грижа за Македонците надвор од Македонија, соодветно исто, рече Заев.

Според потпретседателот на Европскиот парламент и шеф на еврогрупата на СИРИЗА, Димитрис Пападимуилис најдобриот начин за да се постигне решение за македонското прашање е да се стави крај Времената спогодба од 1995 со меѓународен договор со надуставна сила.

Како пример го наведе Лозанскиот договор. - Најдобриот начин е со меѓународен договор со надуставна сила, со комплетни и обезбедени меѓународни гаранции како што е Лозанскиот договор (што не може никој да го смени) и ќе треба да се обезбедат две големи национални барања. Прво, сложено име, заемно прифатливо, ерга омнес, за сите употреби и второ, конечно напуштање на секаков вид на иредентизам. А иредентизмот да се замени со спогодба за пријателство и соработка меѓу двете земји, втемелена во стабилноста и неоспорувањето на постоечките граници, спогодба што ќе биде „заклучена во меѓународен договор, што ќе има гаранции и потпис од Европската унија, ОН, објасни Пападимулис.

Во однос на разговорите за името, Пападимулис смета дека треба да има повеќе преговори, а помалку интервјуа.

Грчките медиуми, пак како провокација ја оценија изјавата на Заев. „Провокација од Заев: И Грција да го отвори нејзиниот Устав“; „Заев: Промената на Уставот не е решение, го решивме иредентизмот“; „Провоцира Заев: Ненадејно поставува прашање за споредба на грчкиот со скопскиот Устав“; „Предлог од Заев за меѓународен договор наместо промена на Уставот на ПЈРМ- отвора прашање и за грчкиот Устав“; „Заев: Да го отвориме и Уставот на Грција“, се само дел од насловите во грчките медиуми.

Со став вчера излезе и Комунистичката партија на Грција (ККЕ). Партијата бара промена на Уставот сега, а не во далечна иднина, отстранување на иредентизмот и сложено име со географска одредница, ерга омнес.

Во однос на евентуален договор меѓу двете земји, ККЕ, во грчкиот Парламент нема да даде зелено светло.

- Комунистичката партија на Грција, нема шанси во Парламентот да гласа за никаков договор со Скопје, меѓу Ципрас и Заев, бидејќи овој договор ќе биде за поранешната југословенска Република Македонија во јули да се интегрира во НАТО, бидејќи овој договор ќе го има печатот на НАТО и на Европската унија. Затоа што овој договор нема да стави крај на иредентистичката пропаганда, на заемното признавање за неповредливоста на границите, на територијалниот интегритет и суверенитет на двете земји, на неопходните промени во Уставот на соседната земја, порача генералниот секретар на ККЕ.

Можеби ќе ве интересира

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово