Грчките медиуми ја пренесоа веста за тензиите во македонското Собрание
Објавено во: Балкан 15 Март, 2018
Посетата на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас доаѓа во период на зголемени политички тензии донесувањето на Законот за јазиците, пишува грчкиот весник Катимерини.
Весникот пишува дека постојат тензии, поради Законот за употреба на малцински јазици.
Весникот објаснува дека законот бил изгласан, а меѓу Никола Груевски и Талат Џафери имало инцидент. Токму видеото од инцидентот го објави телевизијата „Скај“, со коментар дека ова не е прв пат.
Масло во огнот фрли претседателот Ѓорѓе Иванов, наведува грчката телевизија.